Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својот судански колега Јасин

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Хулуси Акар својот судански колега Јасин Ибрахим Јасин го пречека во Министерството со воена церемонија

1580497
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својот судански колега Јасин

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со суданскиот министер за одбрана Јасин Ибрахим Јасин кој престојува во посета на Анкара.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Хулуси Акар својот судански колега Јасин го пречека во Министерството со воена церемонија.

По остварената средба лице в лице двајцата министри Акар и Јасин претседаваа со меѓуделегациските разговори.

Во рамките на разговорите на кои беа разгледани билатералните и регионалните односи, како и соработката во сферите на безбедноста и одбранбената индустрија, од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар беа нагласени историските пријателски и братски односи помеѓу Турција и Судан.

На средбата воедно беше нагласено дека Турција ќе продолжи да стои покрај Судан и дека освен одбранбената индустрија ќе биде продолжена со нејзино унапредување уште понапред и соработката со Судан во воената обука.



Слични вести