Кај градот Хаќќари започната нова антитерористичка операција „Ерен-9 висорамнина Казан-Хан“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека кај градот Хаќќари со учество на 2.218 припадници на безбедносните сили е започната нова антитерористичка операција „Ерен-9 висорамнина Казан-Хан“

1580692
Кај градот Хаќќари започната нова антитерористичка операција „Ерен-9 висорамнина Казан-Хан“

Кај градот Хаќќари со учество на 2.218 припадници на безбедносните сили е започната нова антитерористичка операција „Ерен-9 висорамнина Казан-Хан“.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, со цел целосно елиминирање на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во подрачјето на градот Хаќќари е започната нова антитерористичка операција.

Во операцијата учествуваат 2.218 припадници на безбедносните сили (129 оперативни тимови) составени од жамдармериски командоси, специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили (PÖH) и безбедносни чувари.

Во соопштението се истакнува дека серијата операции „Ерен“ коишто се реализираат за целосно елинимирање на тероризмот внатре во границите на земјата, со поддршка на народот продолжуваат успешно со верба и одлучност.

 



Слични вести