Ердоган: Новиот Устав ќе ги круниса поставените цели за 100-годишнината од формирањето на Републиката

Претседателот Ердоган истакна дека новиот Устав којшто ќе ја рефлектира силата на националната волја ќе ги круниса утврдените цели за 100-годишнината од формирањето на Републиката (2023 година)

1580857
Ердоган: Новиот Устав ќе ги круниса поставените цели за 100-годишнината од формирањето на Републиката

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во говорот што го одржа пред Пратеничката група на својата партија во Собранието меѓу другото се осврна и на предлогот за подготвување на нов Устав којшто го сочинува покривот на реформскиот пакет.

Претседателот Ердоган истакна дека новиот Устав којшто ќе ја рефлектира силата на националната волја ќе ги круниса утврдените цели за 100-годишнината од формирањето на Републиката (2023 година).

Велејќи дека Турција за прв пат во својата историја се стекна со шанса за подготвување на својот цивилен Устав и за негово доставување на  дискреција на народот во средина на вистинска слобода, Ердоган рече: „Верувам дека нашиот нов Устав којшто ќе ја одрази силата на националната волја ќе ги круниса целите што ги утврдивме за 100-годишнината на Републиката.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган претпочитаат во овој процес да бидат вклучени сите политички партии и го додаде следното: „Треба да изнајдеме текст на Уставот без да брзаме, со остварување на потребните консултации со сите средини, којшто ќе ги задоволи потребите на наредното столетие. Дојдете сите заедно во текот на годината да ги подготвиме нашите предлози по прашањето на новиот Устав и да почнеме да дискутираме.“



Слични вести