Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.445.285

Во последните 24 часа беа остварени 135.867 тестови

1581194
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.445.285

 

Во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Турција животите ги загубија 95 лица.

Вкупниот број на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 27.093.

Во последните 24 часа беа остварени 135.867 тестови, а беа регистрирани 664 ново заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 8.642.

Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 7.903 лица, додека вкупниот број на оздравените пациенти се зголеми на 2.445.285.

Министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека позитивно напредуваат истражувањата за домашна вакцина против Ковид-19.

Во изјавата по состанокот на Научниот совет, министерот Коџа рече:

„Најдоцна во рок од една недела до 10 дена очекуваме да започне Фазата-1 на три домашни вакцини“.



Слични вести