Претседателот Ердоган меѓу целите за 100-годишнината од Републиката го додаде и слетувањето на Месечината

Претседателот Ердоган во Националната вселенска програма меѓу целите по повод одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Републиката го додаде и слетувањето на Месечината

1580396
Претседателот Ердоган меѓу целите за 100-годишнината од Републиката го додаде и слетувањето на Месечината
Cumhurbaşkanı Erdoğan Milli Uzay Programı Tanıtım Toplantısı1.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan, Millî Uzay Programı Tanıtım Toplantısı2.jpg
Erdogan uzay programı.jpg

Во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше промовирана Националната вселенска програма на Турција.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган меѓу целите по повод одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Републиката го додаде и слетувањето на Месечината.

Тој рече: „Ја подотвораме вратата на патувањето во вселената на нашата циивлизација која во текот на стотици години е предводник на правдата, моралот и мирот на земјината површина.“

Велејќи дека примарната и најзначајна цел на Националната вселенска програма е на одбележувањето на 100-годишнината на Републиката (2023 година) да се оствари првиот контакт со Месечината, претседателот Ердоган рече: „На крајот на 2023 година, со нашата национална и оригинална хибрид ракета којашто ќе ја лансираме во блиската орбита на Земјата ќе пристигнеме до Месечината и ќе реализираме остро слетување.“

„Со нашиот народ ќе ја доживееме гордоста полумесечината која е симболот и на нашите цивилизациски простори, заедно со нашето црвено знаме да ги испратиме на Месечината“ - порача Ердоган.

Нагласувајќи дека последната цел во Националната вселенска програма е еден турски граѓанин да биде испратен во вселената, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Тоа не го планираме како туристичка прошетка, туку како научна мисија којашто ќе им покаже пат на идните генерации.“

 

 



Слични вести