Ердоган оствари телефонски разговор со Меркел

На средбата беа  разменети мислења за можностите за унапредување на соработката меѓу Германија и Турција, односите меѓу Турција и ЕУ и регионалните прашања

1579752
Ердоган оствари телефонски разговор со Меркел

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, одржа видеоконференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при претседателството, на средбата беа  разменети мислења за можностите за унапредување на соработката меѓу Германија и Турција, односите меѓу Турција и ЕУ и регионалните прашања.

Ердоган на средбата ја изнесе решителноста за посветеноста за унапредување на односите меѓу Турција и ЕУ со позитивна агенда, изразувајќи надеж за зголемување на контактите до Самитот на ЕУ во март и одржување на техничките разговори.

Праведниот и конструктивен пристап на ЕУ кон Турција ќе биде во полза на двете страни рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека што поскоро треба да започнат активностите за неопходното ажурирање на придобивките од консензусот од 18 март (за реадмисија на нерегуларни мигранти наспроти визната либерализација за турските граѓани).

Претседателот Ердоган го повтори очекувањето на Турција од Самитот Турција-ЕУ пред крајот на португалското претседателствување.



Слични вести