Утре ќе биде претставена Националната вселенска програма на Турција

Утре со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе биде претставена Националната вселенска програма на Турција

1579567
Утре ќе биде претставена Националната вселенска програма на Турција

Националната вселенска програма на Турција во чии рамки ќе бидат соопштени целите и проектите во сферата на вселената ќе биде претставена утре со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Презентацијата ќе се одржи утре во 19:00 часот по турско време во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара.

На состанокот за презентација на Националната вселенска програма подготвена од страна Турската вселенска агенција ќе учествува и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк.



Слични вести