Претседателот Ердоган: Сето она што го постигнавме, успеавме да го постигнеме заедно со нашиот народ

Претседателот Ердоган рече: „Како што велиме секогаш, сето она кое што го направивме до денеска, го направивме заедно со нашиот народ. Сето она што го постигнавме, успеавме да го постигнеме заедно со нашиот народ.“

1579484
Претседателот Ердоган: Сето она што го постигнавме, успеавме да го постигнеме заедно со нашиот народ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска се приклучи преку линк во живо на 7-те редовни Конгреси на својата владејачка Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) во Бајбурт, Гиресун, Нигде и Зонгулдак.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода рече: „Нашето слугување на нашиот народ го покажуваме со развој уште повеќе и зајакнување на нашата земја. Случувањата во светот во процесот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), покажаа како инфраструктурата којашто и ја придадовме на нашата земја во последните 18 години нас не раздели во позитивна насока.“ 

„Како што велиме секогаш, сето она кое што го направивме до денеска, го направивме заедно со нашиот народ. Сето она што го постигнавме, успеавме да го постигнеме заедно со нашиот народ. И достигнувањето на Турција до целите за 2023 година и нејзиното состанување со визијата за 2053 година, повторно ќе ги реализираме со нашиот народ.“ - рече Ердоган.

Тој го истакна и следното: „Радосни сме поради тоа што со одлучните политики кои што ги спроведуваме од борбата против терористичките организации до воспоставувањето на безбедноста на нашите граници и до подавањето на нашата рака до сите угнетени, го зголемивме угледот на нашата земја.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во врска со активностите за дупчење (сондажа) во Црното Море, рече: „Дали ние сега стигнавме до природниот гас во Црното Море? Стигнавме со Фатих. Сега, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола ќе стигнеме со Кануни. Нашите активности за дупчење (сондажа) продолжуваат. Ќе стигнеме до многу поразлична положба. Сега ќе продолжиме со нашите активности за дупчење на дното на морето.“



Слични вести