Пофалба од германскиот печат за успешниот процес на вакцинација против Ковид-19 во Турција

Претходно странскиот печат упати пофалби на борбата на Турција против Ковид-19, додека сега процесот на вакцинација повторно го привлекува вниманието на светот

1579401
Пофалба од германскиот печат за успешниот процес на вакцинација против Ковид-19 во Турција

За акцијата за вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција којашто продолжува без проблеми  пристигна пофалба и од германските медиуми.

Претходно странскиот печат упати пофалби на борбата на Турција против Ковид-19, додека сега процесот на вакцинација повторно го привлекува вниманието на светот.

Германскиот телевизиски канал „Тагешау“ информира за борбата на Турција против новиот тип коронавирус во врска со што ја објави веста под наслов „Нема трага од оној хаос при вакцинација“.

Во веста  се истакнува дека и покрај тоа што е започната доцна во споредба со другите земји акцијата за вакцинација во Турција продолжува да напредува без проблеми и притоа се прави споредба со Германија.

Со следните зборови се нагласува дека во Турција се вакцинирани поголем број лица во споредба со Германија: „Турција вакцините ги прими многу после Германија. Меѓутоа оттогаш се вакцинирани приближно 2,5 милиони лица. Во Германија пак, заклучно со 3 февруари се вакцинирани само 2,1 милион лица.“ 

Во веста се привлекува внимание дека турската Влада многу работи направи правилно и се говори со пофалби за напредувањето на акцијата за вакцинација во Турција.

„Закажаните термини и организацијата во Турција воглавно функционираат без проблеми. Во зачудувачки степен се одвиваат едноставно. Најпрвин од централата за добивање помош за турската вакцина ќе добиете електронска порака: Треба да го подготвите вашиот идентификациски матичен број. Освен тоа се истакнува дека може да се добие термин и преку апликација.“ - стои во веста.

Во веста воедно им се одделува место и на примери од граѓани кои се обратиле за акцијата за вакцинација и мошне лесно закажале термин и се вакцинирале.

Се подвлекува дека вакцините се вршат бесплатно и дека вакцинираните го изразуваат своето задоволство, а исто така се привлекува внимание дека целиот овој процес на вакцинација во Турција функционира без проблеми.

 



Слични вести