Министерот Варанк: Инвестицијата на унгарската фирма е една од пресвртните точки на турско-унгарската економска соработка

Министерот Мустафа Варанк истакна дека инвестицијата на унгарската компанија „Медикор“ со која започнува првата директна инвестиција од Унгарија во Турција во медицинскиот сектор, е една од пресвртните точки на турско-унгарската економска соработка

1579499
Министерот Варанк: Инвестицијата на унгарската фирма е една од пресвртните точки на турско-унгарската економска соработка

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто кој престојува во посета на Анкара, одржаа заедничка прес-конференција.

Министерот Варанк истакна дека инвестицијата на унгарската компанија „Медикор“ со која започнува првата директна инвестиција од Унгарија во Турција во медицинскиот сектор, е една од пресвртните точки на турско-унгарската економска соработка.

Во говорот што го одржа по остварените разговори во рамките на програмата за промовирање на инвестицијата на компанијата „Медикор“ во Втората организирана индустриска зона на Индустриската комора на Анкара, како еден од најголемите производители на медицински уреди на Унгарија, министерот Мустафа Варанк во врска со инвестицијата на унгарската компанија во Турција го рече следното: „Оваа инвестиција претставува конкретен одраз на довербата кај нашите унгарски пријатели кон нашиот економски потенцијал и нашата економска стабилност. Оваа инвестиција, ја сметам како една од пресвртните точки на турско-унгарската соработка којашто располага со голем потенцијал. Посакуваме 2021 година да биде година на обновување на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).“

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, исто така истакна дека им придаваат мошне големо значење на односите со Турција и подвлече дека Турција има голем придонес за безбедноста на Европа по прашањата на миграцијата и енергијата.

Укажувајќи на солидарноста што ја покажа Турција со Унгарија во процесот на Ковид-19, Сијарто рече: „Минатата година, во најтешкиот период, добивме најголема помош од нашите турски пријатели.“

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто нагласи дека Турција и Унгарија презедоа ефикасни мерки против епидемијата и го додаде следното: „Во ова тешко време дадовме многу добар испит на солидарност и и двете земји им ја подадовме раката за помош на оние кои беа во потешка состојба од нас.“

 



Слични вести