Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто во посета на Турција

Според објавеното соопштение од Министерството за индустрија и технологија, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто денеска ќе се состанат во Анкара

1578944
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто во посета на Турција

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк ќе го пречека унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто кој денеска ќе допатува во посета на Турција, за реализација на една инвестиција во медицината од страна на компанијата „Медикор“.

Според објавеното соопштение од Министерството за индустрија и технологија, двајцата министри Варанк и Сијарто денеска ќе се состанат во Анкара.

Посетата на унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто ќе биде првата посета од Унгарија на Турција на високо ниво оваа година, по состанокот на 7-от термински состанок на Турско-унгарската мешовита економска комисија што се одржа на 8 декември 2020 година.

Во рамките на програмата којашто ќе се реализира со цел промовирање на инвестицијата во Втората организирана индустриска зона на Анкарската индустриска комора на компанијата „Медикор“, како еден од најголемите производители на медицински уреди на Унгарија, двајцата министри Мустафа Варанк и Петер Сијарто по меѓуделегациските разговори во Министерството за индустрија и технологија ќе го посетат просторот кадешто ќе биде реализирана инвестицијата.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто потоа ќе инфомираат во врска со инвестицијата којашто ќе се реализира.

Двајцата министри Варанк и Сијарто на последната средба во јуни минатата година во Анкара, постигнаа согласност по прашањето на развивањето на соработката во секторот на медицинската индустрија помеѓу Турција и Унгарија.

Во тие рамки, на состанокот на тркалезната маса на медицинскиот сектор што се одржа на 11 ноември минатата година се состанаа фирмите на двете земји при што ги разгледаа можностите за взаемна соработка.

Инвестицијата на компанијата „Медикор“ во Анкара во износ од 2 милиони евра за производство на инкубатори за бебиња е значајна поради тоа што е првата директна инвестиција којашто се реализира од страна на Унгарија во Турција во сферата на медицинската индустрија, и од тој аспект се оценува како предводнички чекор во однос на развојот на соработката пмеѓу мдеицинските сектори на двете земји.

 



Слични вести