Претседателот Ердоган: Не заборавајте, ниту еден од нападите насочени кон нашата земја во последните години не е случаен

Претседателот Ердоган истакна дека не треба да се заборави тоа оти ниту еден од нападите насочени кон нашата земја во последните години, на чело со економските и терористичките, не е случаен

1578619
Претседателот Ердоган: Не заборавајте, ниту еден од нападите насочени кон нашата земја во последните години не е случаен
Cumhurbaşkanı Erdoğan Uluslararası Demokratlar Birliği Kabul.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул ги прими претседателот на Меѓународната унија на демократи (УИД или UID) Ќоксал Куш и делегацијата во негова придружба. 

Претседателот Ердоган истакна дека не треба да се заборави тоа оти ниту еден од нападите насочени кон нашата земја во последните години, на чело со економските и терористичките, не е случаен.

Велејќи дека во последната една година човештвото води борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Ердоган рече: „Фала на му Аллах (Хамдолсун) Турција успешно управуваше со овој процес на епидемија којшто ги зафати неподготвени голем број земји, вклучувајќи ги и развиените земји. Во нашата земја не беше доживеана ниту една од оние состојби кога луѓето умираа од незаинтересираност, здравствените работници не можеа да најдат ниту маски, кога се појавија снимките во домовите за стари лица коишто ги облеаја во тага срцата на сите нас. Не можеа да најдат гробишта за закопување. Дојдоа до таква точка. Тоа се најнапредните земји во точката на капиталот во светот.“ 

Тој рече: „Не само нашите граѓани кои живеат во нашите граници, не ги оставивме очајни, без решение и нашите луѓе кои се наоѓаат во странство. Реализирајќи ја најголемата операција за евакуација во историјата на нашата Република, ги состанавме со нивните семејства повеќе од 100 илјади наши граѓани од 114 земји.“

Претседателот Ердоган нагласи дека со нејзината историја, цивилизациското искуство, човечките вредности и излегувањето во пресрет на своите граѓани Турција уште еднаш покажа дека е голема држава .

Велејќи „Не заборавајте, ниту еден од нападите насочени кон нашата земја во последните години, на чело со економските и терористичките, не е случаен“, Ердоган продолжи со следните зборови: „Оние кои не можеа да ја надборат Турција во Либија, Сирија, Егејот, Источниот Медитера и како последно во Нагорно Карабах, се обидуваат да ја отсопнат со асиметрични методи, невистинити тврдења и обвинувања. Ете ова е едната и од причините на непријателството кон Турците и муслиманите коишто заедно со епидемијата на коронавирусот во Европа веќе почнаа доста да одекнуваат. Речиси секојдневно добиваме вест во врска со еден наш човек кој е подложен на напад, чие право се одзема насилно, само поради тоа што е Турчин и муслиман. Од нео-нацистичкиот терор заедно со муслиманите се подложени на негативно влијание и другите средини со различен етнички (национален) идентитет, различен изглед и различна верска припадност. Дојдени се до незамисливи димензии актите особено против џамиите, работните места, здруженијата, училиштата и на сите нив.“

„Палењето на Куранот во Шведска, кинењето на Куранот во Норвешка, поттикнувањето на карикатурите со кои во име на слободата на печатот се врши навреда на Хазрети Пејгамберот а.с. се само неколкуте од нападите коишто се насочени против нашите свети вредности.“ - појасни Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Меѓутоа, западниот свет се инаети да не презема мерки пред оваа закана којашто сосекој поминат ден се повеќе расте како отровен бршлен. Нападите насочени против светите вредности на муслиманите ставајќи се во зградата на слободата на мислата, на инсистирачки начин се изоставуваат од вид. Со едновремени проекти како што се европски ислам, француски ислам, австриски ислам, муслиманите се приклештуваат, потиснуваат од сите страни. Целта на овие проекти коишто се прикажуваат под рувото на борбата против екстремизмот, е да ги откинат врските на европските муслимани со нивната татковина и со исламскиот умет (припадниците на исламот). И покрај тоа што се користат различни амбалажи ова претставува проект на асимилација. Сите заедно мораме да водиме борба против овој проект којшто е ставен во примена со една добро испланирана политика и се повеќе се распространува. Тоа пак, можеме да го оствариме застанувајќи во силна одбрана на нашите тези пред нашите соговорници, а не изолирајќи се себе си од овие процеси.“

 



Слични вести