Потпретседателот Фуат Октај на 10-11 февруари ќе престојува во посета на Турската Република Северен Кипар

Потпретседателот Фуат Октај првиот ден од посетата ќе се состане со претседателот на  Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, премиерот Ерсан Санер и претседателот на Републичкото Собрание Ондер Сеннароглу

1578855
Потпретседателот Фуат Октај на 10-11 февруари ќе престојува во посета на Турската Република Северен Кипар

Потпретседателот Фуат Октај на 10 и 11 февруари ќе престојува во работна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Октај, првиот ден од посетата ќе се состане со претседателот на  Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, премиерот Ерсан Санер и претседателот на Републичкото Собрание Ондер Сеннароглу.

За време на посетата ќе се одржат разговори и за протоколот за финансиска соработка помеѓу Турција и  Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во рамките на посетата, ќе бидат потпишани записникот за соработка во врска со е-државните услуги помеѓу канцеларијата за дигитална трансформација на претседателството и Владата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и протоколот за имплементација во врска со реализација на инвестирањата во автопатиштата помеѓу Генералната дирекција за автопатишта и Министерството за урбанизам и транспорт на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Вториот ден од посетата, потпретседателот Фуат Октај ќе се состане и со претседателите на организациите на Платформата за економски организации на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

За време на оваа посета потпретседателот Фуат Октај ќе биде придружуван од министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун и шефот на канцеларијата за дигитална трансформација Али Таха Коч.

 



Слични вести