Порака за солидарност од Турција до Индија по катастрофата од поплавите

Министерството за надворешни работи објави порака за солидарност поради катастрофата од поплави во Индија предизвикана од откинато парче од глечер од Хималаите во која се истакнува дека би можело да има и повеќе од 150 загинати лица

1578883
Порака за солидарност од Турција до Индија по катастрофата од поплавите

Турција објави порака за солидарност поради катастрофата од поплави во Индија предизвикана од откинато парче од глечер од Хималаите.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека со длабоко жалење е дочекана веста дека поради катастрофата од поплави до којашто дојде утрово по оштетувањето на една брана поради откинато парче од глечер од Хималаите во провинцијата Утараканд во северниот дел на Индија, голем број лица се водат како исчезнати и тоа што се стравува од нивниот живот.

Во соопштението се вели следното: „Ја споделуваме од се срце болката на индискиот народ и индиската влада и ја изнесуваме нашата солидарност. Посакуваме човечките загуби во оваа катастрофа да останат на минимално ниво, се надеваме исчезнатите да бидат пронајдени здрави и живи во најскоро време и истакнуваме дека нашата земја е спремна да помогне по ова прашање.“

Како што беше истакнато, надојдените води и поплавите по падот на откинато парче од глечерот Нанда Деви во реката Даулиганга во областа Чамоли им нанесоа штети на електричната централа и на голем број населени места, поради што се мисли дека би можеле да загинале приближно 150 лица.

Надлежни кои истакнуваат дека по катастрофата се пронајдени мртвите тела на 3 лица, информираат дека засега не е позната судбината на најмалку 150 работници кои работеле во еден хидроелектричен проект во областа.

 



Слични вести