Продолжува да функционира Заедничкиот турско-руски центар за надгледување на примирјето во Нагорно Карабах

Турските и руските војници на задача во центарот ги следат заедно снимките коишто се добиваат од Нагорно Карабах од беспилотните летала (ИХА) и набљудуваат дали се почитува примирјето

1578282
Продолжува да функционира Заедничкиот турско-руски центар за надгледување на примирјето во Нагорно Карабах

Продолжува да функционира Заедничкиот турско-руски центар којшто е формиран во рамките на надгледување на примирјето во Нагорно Карабах по ослободувањето од страна на Азербејџан од ерменска окупација.

Војниците на задача во центарот ги следат заедно снимките коишто се добиваат од подрачјето од беспилотните летала (ИХА) и набљудуваат дали се почитува примирјето.

Во центарот формиран на површина од 4 хектари кадешто се изградени 65 префабрички (монтажни) градби се наоѓаат на задача 60 турски војници и 60 руски војници, вклучувајќи го и персоналот задолжен за беспилотните летала (ИХА).

Безбедноста на Заедничкиот турско-руски центар се воспоставува од страна на азербејџанските војници.

Инаку, откако азербејџанската армија во започнатата операција на 27 септември 2020 година ослободи од  окупација 5 градови, 4 градчиња и 286 села,  Ерменија на 10 ноември го призна поразот и ја потпиша декларацијата со која вети дека ќе се повлече и од окупираните градови Агдам, Лачин и Келбеџер.

Во декларацијата беше одлучено за зголемување на продуктивноста на контролата за придржување на страните кон примирјето да се формира центар за набљудување.

Записникот за разбирање во врска со Заедничкиот турско-руски центар беше потпишан на 11 ноември 2020 година од страна на министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Центарот беше отворен на 30 јануари со учество на азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов, заменик министерот за национална одбрана на Турција Јунус Емре Караосманоглу и заменик министерот за одбрана на Русија Александар Фомин.



Слични вести