Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп: Албанија е стратешка земја за трајниот мир и стабилноста на Балканот

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција Мустафа Шентоп рече: „Турција, на Албанија гледа како земја со стратешко значење во воспоставувањето на трајниот мир и стабилноста на Балканот. Така да веруваме дека е значаен секој вид соработка.“

1578403
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп: Албанија е стратешка земја за трајниот мир и стабилноста на Балканот

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, вчера вториот и последен ден од своите средби и разговори во Албанија го посети градот Скадар во северниот дел на земјата.

Шентоп ја следеше програмата којашто беше организирана во негова чест од страна учениците на теолошка гимназија Хаџи Шејх Шамиа во Скадар.

Во говорот што го одржа во оваа пригода, претседателот на Собранието Мустафа Шентоп истакна дека светот се менува брзо со што соработката помеѓу земјите добива поголемо значење во споредба со минатото.

Тој рече: „Во периодот на глобалната епидемија уште еднаш видовме колку е значајна соработката или конкуренцијата меѓу државите. Во овие тешки денови Република Турција стана голем и вреден исклучителен пример со тоа што испрати материјали со медицинска помош на целиот свет и секако особено на Балканските земји. Во тој контекст, во периодот на епидемијата уште повеќе се развија односите меѓу Албанија и нашата земја и овој развој продолжува и денеска, а ќе продолжи и во иднина.“

Велејќи дека обостраните посети на високо ниво помеѓу двете земји, активностите на бизнисмените кои доаѓаат од Турција, взаемниот извоз и увоз чиј обем постојано расте и активностите на Институтот „Јунус Емре“ (ЈЕЕ или YEE) и Турската агенција за соработка и координација (TIKA) создаваат атмосфера на пријателство којашто постојано расте, Шентоп рече: „Турција, на Албанија гледа како земја со стратешко значење во воспоставувањето на трајниот мир и стабилноста на Балканот. Така да веруваме дека е значаен секој вид соработка  помеѓу двете земји.“

Мустафа Шентоп учествуваше и на свечениот ручек што беше приреден во негова чест и делегацијата од страна на Илир Бегај, претседателот на Парламентарната група за пријателство на Албанија и Турција.

Шентоп, освен тоа ги посети и Националниот фотографски музеј „Маруби“, споменикот на Хасан Риза Паша и Институтот Јунус Емре во Скадар.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во говорот што го одржа за време на посетата на Институтот Јунус Емре истакна дека јавното обвинителство во Албанија спроведува истрага во врска со структуирањето на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) со обвинение за перење пари. 

Подвлекувајќи дека ФЕТО претставува сериозна закана во секоја земја во која делува, а пред со во Албанија, Шентоп додаде дека не сакаат и другите земји да претрпат штета од оваа организација.

 



Слични вести