Претседателот Ердоган им честита на новоизбраниот премиер и претседателскиот совет на Либија

Претседателот Ердоган им посака успех на Мухамед ал-Менфи кој е избран за претседател на претседателскот совет и Абдулхамид Дибејбе кој е избран за премиер на Либија

1578533
Претседателот Ердоган им честита на новоизбраниот премиер и претседателскиот совет на Либија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги побара по телефон и им честита на Мухамед ал-Менфи кој е избран за претседател на претседателскот совет и Абдулхамид Дибејбе кој е избран за премиер на Либија.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган им посака успех на Мухамед ал-Менфи кој е избран за претседател на претседателскот совет и Абдулхамид Дибејбе кој е избран за премиер на Либија, кои беа избрани на овие должности на одржаното гласање на Либискиот форум за политички дијалог, а кои ќе бидат на должност до изборите во Либија за коишто се предвидува да се одржат во земјата на 24 декември 2021 година.

Велејќи дека Турција ќе продолжи да придонесува за стекнувањето на Либија со својата стабилност зачувувајќи ги политичкото единство и територијалниот интегритет, како и за мирот, безбедноста и просперитетот на Либијците, претседателот Ердоган нагласи дека  соработката со Либија ќе биде развиена и во новиот период.

Инаку, на одржаното гласање од страна на членовите на Либискиот форум за политички дијалог е избран привремениот извршен авторитет (извршната власт) којшто ќе управува во Либија до изборите за кои се планира да се одржат на 24 декември 2021 година.

За нов претседател на претседателскиот совет на Либија е избран Мухамед Менфи, а за нов премиер Абдулхамид Дибејбе.



Слични вести