Шентоп во рамките на посетата на Албанија оствари посебни средби со Мета и Рама

Одличните односи меѓу двете земји треба да се развиваат во иднина, потенцирајќи дека има потреба од зајакнување на соработката за зголемување на турските инвестиции во Албанија

1577740
Шентоп во рамките на посетата на Албанија оствари посебни средби со Мета и Рама

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, во рамките на посетата на Албанија одржа посебни  средби со претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама.

Во писменото соопштение кое беше објавено од албанското претседателство, беше истакнато дека претседателот Мета изјави дека одличните односи меѓу двете земји треба да се развиваат во иднина, потенцирајќи дека има потреба од зајакнување на соработката за зголемување на турските инвестиции во Албанија.

Мета, меѓудругото рече:

„Стратешкото партнерство меѓу двајцата сојузници на НАТО искуството и соработка меѓу Турција и Албанија, продолжува да важи за значајна платформа за заедничките напори за мир и безбедност“.

Мета меѓудругото изрази благодарност на Турција и на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, за даденото ветување за изградба на станбените објекти и болницата во Фјер.

Шентоп во оваа прилика рече дека Турција активно го следи развојот на случувањата во Албанија како и сеопфатните реформски напори во рамките на процесот на пристапување во Европската унија изразувајќи ја турската поддршка за членството на Албанија во ЕУ и интеграцијата со евро-атлантските институции.

Шентоп учествуваше и на ручекот што го приреди претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи во негова чест и неговата делегација по состанокот со претседателот Мета, а подоцна се сретна и со премиерот Рама.

Стабилноста на Балканот и особено пријателска и братска Албанија, се приоритети на турската надворешна политика, рече Шентоп посочувајќи дека Турција со трговски обем од 509 милиони американски долари е четвртиот по големина трговски партнер на Албанија.



Слични вести