Министерството за национална одбрана сподели објава на успешно тестираната анти-бродска ракета „Атмаџа“

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана (МСБ или MSB) преку социјалната медија е објавена и видео снимката од моментот на реализираниот истрел

1577868
Министерството за национална одбрана сподели објава на успешно тестираната анти-бродска ракета „Атмаџа“

Министерството за национална одбрана (МСБ или MSB) соопшти дека од корветата „ТЏГ Киналиада“ (TCG Kınalıada) успешно е реализиран првиот тест-истрел со боева глава на офанзивната водена анти-бродска ракета „Атмаџа“ којашто е развиена со национални можности  .

Во споделената објава на профилот на Министерството преку социјалната медија е објавена и видео снимката од моментот на реализираниот истрел.

На видео снимката се гледа како по одбројувањето истреланата ракета „Атмаџа“ од корветата „ТЏГ Киналиада“ (TCG Kınalıada) ја погодува со стопроцентна прецизност поставената цел во морето.

Воениот персонал на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) од чија страна е реализиран тест-истрелот по погодувањето на целта со стопроцентна прецизност успешно реализираниот истрел го слави со аплаузи.



Слични вести