Ердоган: „Трката за квалитет во високото образование е процес кој нема крај“

Ние, како Претседателство, ги мобилизиравме сите наши можности за нашата младина да добие квалификувано образование

1577632
Ердоган: „Трката за квалитет во високото образование е процес кој нема крај“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„Трката за квалитет во високото образование е процес кој нема крај. Ние, како Претседателство, ги мобилизиравме сите наши можности за нашата младина да добие квалификувано образование“.

Претседателот Ердоган на своите профили на социјалните мрежи сподели инфографика за напредокот постигнат во високото образование за време на нивното владеење.

Според тоа, бројот на универзитети кој во 2002 година изнесуваше 76 во 2021 година се зголеми на 207. Буџетот за високо образование од 2,5 милијарди лири се зголеми на 36 милијарди лири.

Додека бројот на студенти во 2002 година изнесуваше 1.600.000, денес оваа бројка достигна 8 милиони 400 илјади.

Бројот на академскиот кадар од 70 илјади се зголеми на 180 илјади. Стапката на жени академици во системот на високото образование е приближно 5 поени над просекот од 40 отсто во Европската унија.

Стапката на студентки, која претходно беше 42 отсто, оваа година се зголеми на 49 отсто.

Над 200 илјади студенти од целиот свет за иднината се подготвуваат на турските универзитети.

Турција се искачи на прво место од аспект на пристапот до универзитетите во Европа.

Според податоците на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), Турција покажа голем успех во привлекувањето меѓународни студенти и влезе во првите 10 земји во светот.

Претседателот Ердоган во врска со сите овие случувања рече:

„Трката за квалитет во високото образование е процес кој не завршува. Ние, како Претседателство, ги мобилизиравме сите наши ресурси за нашата младина да добие квалификувано образование“.



Слични вести