Чавушоглу: Секој треба да избегнува од чекори коишто ќе го нарушат поредокот на државата

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Слободата, демократијата, добро се убава работа, но секој треба да избегнува од чекори коишто ќе ја ограничат слободата на другите и ќе го нарушат поредокот на државата“

1578198
Чавушоглу: Секој треба да избегнува од чекори коишто ќе го нарушат поредокот на државата

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава за новинарите во населеното место Аланја крај градот Анталија истакна дека слободата, демократијата се убава работа, но секој треба да избегнува од чекори коишто ќе ја ограничат слободата на другите и ќе го нарушат поредокот на државата.

Осврнувајќи се на протестите коишто се одржуваат под изговор на назначувањето на ректор на Универзитетот Богазичи во Истанбул, Чавушоглу напомена дека на протестите учествуваат и групи кои не се студенти, кои го изнесуваат на преден план вандализмот и кои се спротивставуваат на државата. 

Тој истакна дека студентите можат да одржуваат демократски протести, секогаш можат слободно да ги изнесуваат своите размислувања, но дека овде постои една друга поразлична димензија.

„Исто како што беше и во некои претходни протести, овде гледаме дека се вклучени групи кои не се студенти и кои како и секогаш се обидуваат да го истакнат на преден план вандализмот и кои се спротивставуваат на државата. И кога станува така, односно кога ќе се излезе надвор од еден демократски протест, и државата мора да ги преземе неопходните мерки за воспоставување на јавниот поредок.“ - рече Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Слободата, демократијата, добро се убава работа, но секој треба да избегнува од чекори коишто ќе ја ограничат слободата на другите и ќе го нарушат поредокот на државата.“



Слични вести