Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи
Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

Во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Во објавеното сопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека група терористи се обиделе да се префрлат и отвориле провоцирачки оган врз подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит.
Според соопштението, се неутрализирани 5 мина терористи, припадници на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат и отвориле провоцирачки оган врз подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит во северниот дел на Сирија.
Во меѓувреме, портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли на одржаната месечна прес-конференција информира дека во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност во месец јануари се неутрализирани 73 терористи.