Турција го поздрави продолжувањето на „Новиот СТАРТ“ договор помеѓу САД и Русија за уште 5 години

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој рече: „Со задоволство ја дочекуваме и поддржуваме одлуката на САД и Руската Федерација во врска со продолжувањето за 5 години на Новиот СТАРТ договор којшто истекува на 5 февруари 2021 година“

1576966
Турција го поздрави продолжувањето на „Новиот СТАРТ“ договор помеѓу САД и Русија за уште 5 години

Турција го дочека со задоволство продолжувањето за уште 5 години на Новиот Договор за намалување на стратешкото оружје (Новиот СТАРТ) помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Русија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со одлуката на САД и Русија за продолжување за 5 години на „Новиот СТАРТ“ договор.

Аксој рече: „Со задоволство ја дочекуваме и поддржуваме одлуката на САД и Руската Федерација во врска со продолжувањето за 5 години на Новиот СТАРТ договор којшто истекува на 5 февруари 2021 година.“

Нагласувајќи дека „Новиот СТАРТ“ договор кој ги ограничува нуклеарните сили на САД и Русија, како последен договор во примена којшто ја воспоставува стратешката стабилност помеѓу двете земји располага со глобално значење, портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој ја изнесе следната констатација: „Овој фрлен значаен чекор посакуваме да придонесе за зајакнување на режимот на контрола на оружјата и за борбата против предизвиците насочени кон глобалната безбедност.“



Слични вести