Турските вооружени сили продолжуваат да им даваат обука на либиските војници
Министерството за нацоинална одбрана соопшти дека продолжува да им се дава обука на Вооружените сили на Либија во рамките на потпишаниот договор за воена обука, соработка и консултација помеѓу двете земји




Од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) им е дадена обука на припадниците на Вооружените сили на Либија за „заварување со кислород и обука за одбрана на бродови и бази со практикување за крајбрежната стража.“
Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за нацоинална одбрана преку социјалната медија се истакнува дека продолжува да им се дава обука на Вооружените сили на Либија во рамките на потпишаниот договор за воена обука, соработка и консултација помеѓу двете земји.
Во соопштението се вели дека во тие рамки на либиските војници им е дадена обука за „заварување со кислород и обука за одбрана на бродови и бази со практикување за крајбрежната стража.“
Во споделената објава од страна на Министерството за нацоинална одбрана се споделени и фотографии во врска со обуката.