Населението на Турција достигна до 83 милиони 614 илјади 263 лица

Најброен град во Турција е Истанбул со 15 милиони 463 илјади 452 лица, а потоа следуваат главниот град Анкара со 5 милиони 663 илјади 322 лица, Измир 4 милиони 394 илјади 694, Бурса 3 милиони 101 илјада 833 и Анталија со 2 милиони 548 илјади 308 жители

1577130
Населението на Турција достигна до 83 милиони 614 илјади 263 лица

Бројот на населението на Турција во 2020 година, во споредба со претходната 2019 година се зголеми за 459 илјади 365 лица и достигна до вкупно 83 милиони 614 илјади 362 жители.

Машкото население брои 41 милион 915 илјада 985 лица, а женското население 41 милион 698 илјади 377 лица. 

Од вкупното население во Турција 50,1 се машки, а 49,9 отсто женски.

Бројот на населението на Истанбул, во споредба со 2019 година е намален за 56 илјади 815 и изнесува вкупно 15 милиони 463 илјади 452 лица.

Во Истанбул живеат 18,49 отсто од целокупното население на Турција, а потоа по бројност редум следуваат главниот град Анкара со 5 милиони 663 илјади 322 лица, Измир 4 милиони 394 илјади 694, Бурса 3 милиони 101 илјада 833 и Анталија со 2 милиони 548 илјади 308 жители.

Град со најмалку население во Турција е Бајбурт кадешто живеат 81 илјада 910 лица.



Слични вести