МНР на Турција: Никој нема право да се обидува да интервенира во внатрешните работи на Турција

Министерството за надворешни работи објави писмено соопштение во кое во врска со настаните во Универзитетот Богазичи во Истанбул се истакнува следното: „Никој нема право да се обидува да интервенира во внатрешните работи на Турција“

1576993
МНР на Турција: Никој нема право да се обидува да интервенира во внатрешните работи на Турција

Турција, во однос на некои изјави коишто се даваат во врска со настаните во Универзитетот Богазичи во Истанбул го објави следното соопштение: „Никој нема право да се обидува да интервенира во внатрешните работи на Турција.“

Во писменото соопштение објавено од страна на Министерството за надворешни работи се потцртува дека правото на одржување состаноци и протести, како и слободата на изразување во Турција сее загарантирани со Уставот.

Во соопштението се привлекува внимание дека безбедносните сили исто како што беше за време на секој настан досега и во иднина ќе продолжат да ги исполнуваат своите задачи и одговорности коишто им се даваат во надлежност од страна на законите, а воедно им се одделува место на следните изјави: „Во рамките на нашите закони се преземаат потребните и пропорционални мерки против овие незаконски протести коишто го надминуваат правото на протестирање, а за коишто е утврдено дека се одржуваат со иницијативите за инфилтрирање и провоцирање на настаните од страна на средини надвор од Универзитетот и поврзани со терористичката организација.“

Велејќи „Ги предупредуваме наведените средини по прашањето на неупотребување на јазик (реторика) за поттикнување на групите кои ги избираат незаконските патишта и одржуваат провоцирачки и илегални протести“, во соопштението се истакнува дека сеуште се свежи во мемориите снимките со употреба на непропорционална сила од страна на безбедносните сили во голем број земји кои во поблиско време се нарекуваат „развиена“ демократија, против невините и цивилни граѓани дури и при покажување на најмала реакција против управите во тие земји.

Им се препорачува да се погледнат во огледало оние кои се обидуваат да и одржат лекција по демократија и право на Турција во врска со настаните во Универзитетот Богазичи, изоставувајќи ја придоа од вид борбата што ја води Турција по прашањето на овие настани во рамките на правото, по што се нагласува следното: „Никој нема право да се обидува да интервенира во внатрешните работи на Турција.“

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се истакнува дека Турција со реформските чекори што ги презема покажува дека ја реализира својата волја по прашањето на одбраната на основните права и слободи коишто се земаат под гаранција со Уставот, а воедно се подвлекува дека заедно со тоа Турција е одлучна да ја продолжи својата борба против злоупотребата во овие сфери од страна на терористичките организации и средините поврзани со тероризмот.

 



Слични вести