ЕУ ја дочека позитивно неодамнешната изјава на претседателот Ердоган во врска со реформскиот пакет

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција Николаус Мајер-Ландрут ја посети Трговската комора на Кајсери (КТО) кадешто се состана со претседателот на комората Омер Ѓулсој

1577482
ЕУ ја дочека позитивно неодамнешната изјава на претседателот Ердоган во врска со реформскиот пакет

Европската унија (ЕУ) ја дочека позитивно неодамнешната изјава на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со реформскиот пакет.

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција Николаус Мајер-Ландрут ја посети Трговската комора на Кајсери (КТО) кадешто се состана со претседателот на комората Омер Ѓулсој.

Во оваа пригода, претседателот на Трговската комора на Кајсери (КТО) Омер Ѓулсој истакна дека Турција 60 години како работи за полноправно членство во Европската унија (ЕУ) и дека веќе треба да биде примена во Унијата како нејзина полноправна членка.

Велејќи „Без да се изнесуваат празни изговори сметаме дека Турција во Европската унија (ЕУ) ќе даде голем придонес на светскиот мир, довербата, на Европа и на Азија“, Ѓулсој продолжи со следните зборови: „По Втората светска војна нашиот човек со својот труд има придонесено во развојот на водечките земји на Европската унија (ЕУ), Германија, Франција и другите земји. ЕУ во која ќе ја има Турција ќе обезбеди голем придонес за доверливата економија на Унијата.“

Мајер-Ландрут пак, истакна дека се надеваат оти на почетокот на оваа година ќе биде отворен прозорец за нова можност за Европската унија (ЕУ) и Турција, а воедно рече дека посакуваат во наредните месеци да се види оти „позитивната агенда“ е уште повеќе конкретизирана.

Осврнувајќи се и на неодамнешната изјава на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со реформскиот пакет, претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција Николаус Мајер-Ландрут рече: „Тоа го дочекавме позитивно. Во овој пакет се наоѓаат значајни прашања. Како што се економските реформи, судските реформи, акционите планови за ЕУ, акциониот план за човекови права. Тоа има мошне големо значење од аспект на работите коишто се реализираат во земјата. Истовремено има значење и од аспект на односите меѓу ЕУ и Турција како земја кандидат.“

 



Слични вести