Ердоган: Бројот на универзитетите од 76 е зголемен на 207, а на студентите од 1,6 милиони на 8,4 милиони“

Претседателот Ердоган истакна дека Турција во сферата на високото образование достигна до капацитет којшто ги надминува границите на земјата така што бројот на универзитетите од 76 е зголемен на 207, а на студентите од 1,6 милиони на 8,4 милиони

1577381
Ердоган: Бројот на универзитетите од 76 е зголемен на 207, а на студентите од 1,6 милиони на 8,4 милиони“
Cumhurbaşkanı Erdoğan YÖK Anadolu Projesi Tanıtım Toplantısı2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Анкара говореше на промотивниот состанок на Анадолскиот проект на Советот за високо образование (ЈОК). 

Претседателот Ердоган истакна дека Турција во сферата на високото образование достигна до капацитет којшто ги надминува границите на земјата. 

„Во сферата на високото образование достигнавме до капацитет којшто ги надминува границите на нашата земја. Бројот на нашите универзитети од 76 се зголеми на 207, а на студентите од 1,6 милиони на 8,4 милиони. Со оваа бројка на студенти нашата земја се искачи на првото место во Европа во однос на пристапот до универзитет. Освен тоа, едно друго прашање коешто причинува задоволство, е тоа што нашите женски студенти заземаат значајно место во овој раст. Процентот на нашите женски студенти којшто претходно изнесуваше околу 42 отсто, заклучно со оваа година е зголемен на 49 отсто.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести