Акар: Соработката помеѓу Турција и Унгарија ќе обезбеди големи придонеси за целиот регион и Европа

Министерот за национална одбрана истакна дека соработката помеѓу Турција и Унгарија ќе обезбеди големи придонеси за целиот регион и за Европа

1576937
Акар: Соработката помеѓу Турција и Унгарија ќе обезбеди големи придонеси за целиот регион и Европа
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Macaristan Savunma Bakanı Tibor Benko1.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Macaristan Savunma Bakanı Tibor Benko2.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Macaristan Savunma Bakanı Tibor Benko5.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Macaristan Savunma Bakanı Tibor Benko4.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Macaristan Savunma Bakanı Tibor Benko6.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Macaristan Savunma Bakanı Tibor Benko7.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Macaristan Savunma Bakanı Tibor Benko8.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по остварената посета на Германија отпатува во посета на Унгарија.

Акар во Будимпешта беше пречекан со воена церемонија од страна на унгарскиот министер за одбрана Тибор Бенко со кого најпрвин одржаа средба лице в лице, а потоа претседаваа со меѓуделегациските разговори.

Потоа двајцата министри за одбрана Хулуси Акар и Тибор Бенко одржаа заедничка прес-конференција. 

Министерот Хулуси Акар подвлече дека разговорите поминаа во крајно конструктивна и продуктивна атмосфера и дека беше изнајдена можност за преразгледување уште еднаш на сите прашања на чело со одбраната и безбедноста. 

Акар истакна дека соработката помеѓу Турција и Унгарија ќе обезбеди големи придонеси за целиот регион и за Европа.

Велејќи „Би сакал да го истакнам тоа дека со Унгарија на која секогаш гледаме како наш вистински пријател и сојузник, би можеле да реализираме многу брз напредок во одбранбените и безбедносните прашања“, Акар информира дека освен билатералните односи помеѓу Турција и Унгарија беа разменети мислења и во однос на НАТО, Европската унија (ЕУ), одбранбени и безбедносни прашања, како и прашања посветени на Егејот, Балканот, Азербејџан, Либија и Авганистан. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар напомена дека беше изнајдена можност за споделување на отворен начин на ставовите и погледите на Турција по сиве овие прашања и својот говор го продолжи со следните зборови: „Би сакал да го потцртам и тоа дека нашата соработка, нашето заедничко работење не само за Унгарија и за Турција, истовремено ќе обезбеди мошне значајни придонеси и во однос на НАТО и безбедносните прашања на Европската унија (ЕУ)... /... / Европската унија (ЕУ) е наша стратешка цел. Тоа треба да се знае од страна на секого. Им придаваме големо значење на нашите односи со Унгарија, ѝ во рамките на НАТО ѝ во историската перспектива. Тое е мошне значајно за нас.“  

Унгарскиот министер за одбрана Тибор Бенко пак, истакна дека Турција со тоа што на своите територии згрижува и храни 4 милиони мигранти обезбедува многу голем придонес за цела Европа и за Унгарија. 

„Би сакал да им честитам и да ја изразам нашата длабока благодарност по ова прашање, ѝ до почитуваниот претседател Ердоган, ѝ до неговата влада, ѝ до Акар.“ - рече унгарскиот министер за одбрана Тибор Бенко.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на својата посета на Унгарија ја посети и Алејата на турските шехиди (паднатите борци) во Будимпешта и на овдешната одржана комеморација заедно со унгарскиот министер за одбрана Тибор Бенко поставија венец на споменикот изграден во чест на шехидите на фронтот на Галиција за време на Првата светска војна и оставија каранфили на гробовите на паднатите борци. 

Министерот Хулуси Акар заедно со својот унгарски колега Тибор Бенко ги посетија и Турбето на Ѓул Баба и културниот центар. 

 



Слични вести