Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со Саливен

На средбата беа разменети мислења во врска со можностите за зајакнување на односите меѓу Турција и САД во наредниот период,

1576253
Портпаролот Калин оствари телефонски разговор со Саливен

 

Портпаролот на кабинетот на претседателот на државата Ибрахим Калин оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан.

Според соопштението кое беше објавено од портпаролството на кабинетот на претседателот, Калин на Саливан му ги пренесе своите честитки кој започна со должноста.

На средбата беа разменети мислења во врска со можностите за зајакнување на односите меѓу Турција и САД во наредниот период, одржувањето блиски контакти во врска со сите прашања и ефективно користење на каналите за дијалог за конструктивна соработка, а исто така беше посочено на важноста на глобалната соработка и солидарност во борбата против епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).

На средбата на која беше договорено да се зајакне процесот на политичко решавање во Сирија и Либија, беше потенцирана важноста за спроведување на ефективна и заедничка борба против сите видови терористички групи.

На средбата беа разменети мислења и во врска со последниот случај во Идлиб и беше изнесена потребата за преземање конкретни и итни мерки против нестабилноста и човечката криза која што може да предизвикана од новиот евентуален бран на миграции, како и очекувањата од придонесот за воспоставување мир и стабилност на Источниот Медитеран, како резултат на консултативните разговори меѓу Турција и Грција.

На разговорот беше изнесено дека Турција ја поздравува одлуката за враќање на САД кон Парискиот договор (COP21) а исто така беше наведено дека меѓународната солидарност во борбата против климатските промени е неопходна. На крајот на разговорот беа разгледани и прашањата како што се воздушно-одбранбениот систем С-400, новата генерација авиони од типот Ф-35 и сепаратистичко-терористичката организација ПЈД/ЈПГ кои претставуваат теми на несогласување меѓу двете земји и беше забележано дека треба да се вложат заеднички напори за решавање на постојните прашања со нова перспектива.

На разговорот беше изнесено очекувањето за силен, одржлив и конструктивен модел на односи меѓу двете сојузнички земји во новиот период, консензус за зајакнување на НАТО алијансата и преземање чекори што ќе придонесат за регионалниот и глобалниот мир и стабилност.

Во соопштението објавено од страна на Белата куќа во врска со разговорот беше изнесено следното:

„Саливан подвлече дека администрацијата на (претседателот Џо) Бајден сака да воспостави конструктивни односи меѓу САД и Турција, да ги прошири областите на соработка и ефикасно управување со споровите“.



Слични вести