Министерот за надворешни работи Чавушоглу учествуваше на 18. состанок на групата МИКТА

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека на 18. состанок на групата МИКТА што се одржа преку интернет учествуваа министрите за надворешни работи на групата, Мексико, Индонезија, Јужна Кореја, Турција и Австралија

1576805
Министерот за надворешни работи Чавушоглу учествуваше на 18. состанок на групата МИКТА

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на 18. состанок на групата МИКТА за Интерконтинентална економска соработка.

Чавушоглу во пораката што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека на 18. состанок на групата МИКТА што се одржа преку интернет учествуваа министрите за надворешни работи на земјите кои ја сочинуваат групата, Мексико, Индонезија, Јужна Кореја, Турција и Австралија.

Мевлут Чавушоглу и честита на Австралија која го презеде претседателствувањето со МИКТА, а воедно му се заблагодари на Мексико, досегашниот претседавач.

Велејќи „МИКТА претставува многу убав пример за мултилатералната дипломатија“, Чавушоглу нагласи дека придонесите на Турција ќе продолжат.

Групата МИКТА која е формирана на 25 септември 2013 година, делува како неформална консултациона платформа меѓу Мексико, Индонезија, Јужна Кореја, Турција и Австралија. Изразот МИКТА се состои од првите букви на наброените земји членки на групата.

Координацијата на состаноците на МИКТА пак, коишто се одржуваат на ниво на министри за надворешни работи, се води од страна на Министерството за надворешни работи на земјата која го презема претседателствувањето со групата.



Слични вести