Претседателот Ердоган сподели графички приказ за доставената поддршка во периодот на епидемијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната медија сподели објава со графички приказ за доставената поддршка од страна на владата во периодот на епидемијата на Ковид-19

1575901
Претседателот Ердоган сподели графички приказ за доставената поддршка во периодот на епидемијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава со графички приказ на својот профил на социјалната медија направи проценка во врска со поддршката што ја достави владата во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот Ердоган во својата објава напиша: „Од здравството до социјалните поддршки, фрливме чекори со коишто бевме покрај нашите граѓани во секое прашање. Ќе продолжиме да бидеме покрај нашите еснафи, занаетчии, производители, во оваа борба.“

Ердоган во објавата го сподели и графичкиот приказ под наслов „Водиме заедничка сеопфатна мобилизација против епидемијата“.

Во графичкиот приказ се потсетува дека во периодот на епидемијата во рамките на социјалната поддршка им е доставена дополнителна парична помош на сите семејства, е проширен обемот на исплатата за краткорочно работење, почна да им се доставува поддршка во парични средства на вработените кои се испратени на бесплатен одмор, и покрај условите на епидемијата е достигнато до бројката од 16 милиони туристи, одложени се за 6 месеци даночните плаќања за одредени сектори и плаќањата на премиите за Институцијата за социјална заштита (СГК).

На графичкиот приказ се потсетува дека во рамките на поддршката и помошта во кирија за еснафите е доставена парична поддршка од над 5 милијарди турски лири (приближно 700 милиони долари), во рамките на штитот за социјална заштита на различни средини им е доделена неповратна помош грант во висина од 49 милијарди турски лири (приближно 6,8 милијарди долари), а на извозниците им е исплатена поддршка во износ од 2,4 милијарди турски лири (приближно 350 милиони долари).

Освен тоа на графичкиот приказ се споделени и информации дека процентите на данокот на додадена вредност (ДДВ) во некои сектори се намалени на 1 отсто а во некои на 8 отсто, е донесена можност за преструктуирање на исплатата на долговите, на претпријатијата кои во 2020 година се соочиле со загуби од над 50 отсто загуби во прометот им е доделена неповратна грант помош до 3 отсто и исплатата на платите на приближно 650 илјади пензионери е покачена на 1.500 турски лири.

 



Слични вести