Објава од претседателот Ердоган со првиот автономен електричен автобус на Турција

Претседателот Ердоган на својата сметка на апликацијата „Телеграм“ сподели објава со првиот автономен електричен автобус (автобус без возач) на Турција, од 4-та класа сериско производство во светот

1575463
Објава од претседателот Ердоган со првиот автономен електричен автобус на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера го претстави првиот автономен електричен автобус (автобус без возач) од 4-та класа сериско производство во светот.

Потоа во споделената објава преку својата сметка на апликацијата „Телеграм“, претседателот Ердоган во врска со автономниот електричен автобус развиен од страна на турските инженери го истакна следното: „Во еден ваков период кога трошењето на чиста енергија е приоритет во целиот свет, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) ќе биде наша гордост.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја сподели и својата фотографија сликана пред првиот автономен електричен автобус на Турција и го напиша следното: „Мои мили браќа, нашиот автономен (без возач) електричен автобус од 4-та класа сериско производство во светот, „АТАК Електрик“ (ATAK Electric), денеска го тестиравме во Куллијето. „АТАК Електрик“ како заедничко производство на нашите компании „КАРСАН“ (KARSAN) и „АДАСТЕК“ (ADASTEC), во еден ваков период кога трошењето на чиста енергија е приоритет во целиот свет, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) ќе биде наша гордост. Нека е аирлија и среќно за нашата земја.“



Слични вести