Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Берлин пречекан со воена церемонија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Берлин од страна на германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер беше пречекан со воена церемонија

1576025
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Берлин пречекан со воена церемонија
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Almanya Savunma Bakanı Annegret Kramp Karrenbauer2.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Almanya Savunma Bakanı Annegret Kramp Karrenbauer3.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Almanya Savunma Bakanı Annegret Kramp Karrenbauer4.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Almanya Savunma Bakanı Annegret Kramp Karrenbauer1.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Almanya Savunma Bakanı Annegret Kramp Karrenbauer5.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар од чија страна се реализира првата посета на високо ниво во новата година од Турција на Германија во Берлин од страна на својата германска колешка, министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер беше пречекан со воена церемонија.

По церемонијата Акар и Крамп-Каренбауер остварија средба лице в лице.

Во оваа пригода, министерот за национална одбрана Хулуси Акар се заблагодари за покажаната гостопримливост и истакна дека средбата беше остварена во мошне срдечна и конструктивна атмосфера.

Акар рече дека на средбата  беше изнајдена можност за разговор за бројни прашања на чело со безбедносни и одбранбени прашања, во рамките ѝ на двете земји ѝ на НАТО и Европската унија (ЕУ). 

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер исто така истакна дека остварија крајно значајни разговори во рамките на НАТО. 

По дадените изјави, Каренбауер го испрати Акар до службеното возило и во тој момент се оствари срдечен дијалог помеѓу двајцата министри. 

Акар и Каренбауер ја изразија одлучноста во однос на продолжување на искрениот дијалог помеѓу Турција и Германија.

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и во објавеното писмено соопштение по средбата истакна дека Турција е значаен НАТО партнер и така ќе остане.

Крамп-Каренбауер, нагласувајќи го значењето на дијалогот и усогласеноста помеѓу Германија и Турција за Сојузот, како две НАТО сојузници, го рече следното: „ Анкара е доверлив и близок партнер којшто дава значајни придонеси на безбедноста на Европа.

Таа го дочека со задоволство повторното започнување на разговорите помеѓу двете НАТО земји, Турција и Грција, во врска со спорот во Источниот Медитеран, а воедно истакна дека овој чекор е значаен и дека треба да се избегнува од повторно зголемување на затегнатоста во Медитеранот.

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер исто така соопшти дека состанокот за воен дијалог на високо ниво што се одржа помеѓу министерствата за одбрана на Германија и Турција во јануари 2020 година во Берлин, на покана на турската страна, оваа година ќе се одржи во Анкара.

Во меѓувреме, министерот за национална одбрана Хулуси Акар пред посетата на германското Министерство за одбрана ја посети и Амбасадата на Турција во Берлин кадешто од страна на амбасадорот Али Кемал Ајдин беше информиран за работите коишто се водат во склопот на Амбасадата.

 



Слични вести