Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Турската Република Северен Кипар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) беше одделно примен кај претседателот на Републичкото Собрание Ондер Сеннароглу и премиерот Ерсан Санер, а се состана и со својот колега Тахсин Ертугрулоглу

1575479
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Турската Република Северен Кипар
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu KKTC Ziyaret2.jpg
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu KKTC Ziyaret3.jpg
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu KKTC Ziyaret4.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој отпатува во дводневна работна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) беше одделно примен кај претседателот на Републичкото Собрание Ондер Сеннароглу и премиерот Ерсан Санер.

Министерот Чавушоглу во Лефкоша најпрвин се состана со претседателот на Републичкото Собрание Ондер Сеннароглу.

Чавушоглу потсети дека на предлог на Турција се интензивирани обидите на Обединетите нации (ОН) за организирање неформален состанок по Кипарското прашање во форматот 5+1 и го рече следното: „Овде на чело со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, министерот за надворешни работи Тахсин Ертугрулоглу и заедно со другите другари во преговарачката делегација ќе направиме проценка на тоа кои ставови ќе ги презентираме и кои чекори би можеле да ги фрлиме по прашањето на интересите на кипарскиот турски народ.“

Претседателот на Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ондер Сеннароглу пак, рече: „Она коешто ќе претставува радост за нас при евентуално решение, она без коешто се не може и нашата црвена линија како турска страна, е ефикасното и активно гаранторство на Турција. Нашиот народ чувствува голема доверба од тоа.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на остварената среба со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер му се заблагодари за успехот во работите во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Чавушоглу рече: „Во наредниот период заедно со нивното пристигнување во Турција ќе ги испратиме потребните и доволни вакцини ѝ на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за вакцинирање на сите лица кои треба да бидат вакцинирани овде. Нема да го оставиме сам кипарскиот турски народ и во оваа смисла.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Лефкоша се состана и со својот колега министерот за надворешни работи на на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)  Тахсин Ертугрулоглу.

 



Слични вести