Министерот Мевлут Чавушоглу се состана со претседателот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар

Министерот Чавушоглу во Лефкоша беше примен кај претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар

1576014
Министерот Мевлут Чавушоглу се состана со претседателот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој отпатува во дводневна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Лефкоша е примен и кај претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар. 

Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори беше одделно примен и кај претседателот на Републичкото Собрание Ондер Сеннароглу и премиерот Ерсан Санер, а се состана и со својот колега министерот за надворешни работи Тахсин Ертугрулоглу.

Министерот Чавушоглу во Лефкоша најпрвин се состана со претседателот на Републичкото Собрание Ондер Сеннароглу.

Чавушоглу потсети дека на предлог на Турција се интензивирани обидите на Обединетите нации (ОН) за организирање неформален состанок по Кипарското прашање во форматот 5+1 и го рече следното: „Овде на чело со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, министерот за надворешни работи Тахсин Ертугрулоглу и заедно со другите другари во преговарачката делегација ќе направиме проценка на тоа кои ставови ќе ги презентираме и кои чекори би можеле да ги фрлиме по прашањето на интересите на кипарскиот турски народ.“

Претседателот на Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ондер Сеннароглу пак, рече: „Она коешто ќе претставува радост за нас при евентуално решение, она без коешто се не може и нашата црвена линија како турска страна, е ефикасното и активно гаранторство на Турција. Нашиот народ чувствува голема доверба од тоа.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на остварената среба со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер му се заблагодари за успехот во работите во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Чавушоглу рече: „Во наредниот период заедно со нивното пристигнување во Турција ќе ги испратиме потребните и доволни вакцини ѝ на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за вакцинирање на сите лица кои треба да бидат вакцинирани овде. Нема да го оставиме сам кипарскиот турски народ и во оваа смисла.“

 



Слични вести