Кај Битлис и Сиирт е започната нова антитерористичка операција „Ерен-6 Мергело“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјата на градовите Битлис и Сиирт е започната нова антитерористичка операција „Ерен-6 Мергело“ во која учествуваат 1.435 припадници на безбедносните сили составени од 82 оперативни тимови

1575680
Кај Битлис и Сиирт е започната нова антитерористичка операција „Ерен-6 Мергело“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека со учество на 1.435 припадници на безбедносните сили во подрачјата на градовите Битлис и Сиирт е започната нова антитерористичка операција „Ерен-6 Мергело“.

Според објавеното соопштение од Министерството, продолжуваат серијата операции „Ерен“ коишто се започнати на 11 јануари со цел целосно елиминирање на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите кои се засолнуваат во ова подрачје.

Во тие рамки, во подрачјата на градовите Битлис и Сиирт е започната нова антитерористичка операција „Ерен-6 Мергело“.

Операцијата се реализира со 1.453 припадници на безбедносните сили составени од 82 оперативни тимови од жандармериски командоси, специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили PÖH) и безбедносни чувари.

 



Слични вести