Ердоган: Турција е една од двете земји во светот кои ги намалија за 50 отсто човечките загуби во сообраќајните несреќи

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е една од двете земји во светот кои ја постигнаа целта за намалување за 50 отсто на човечките загуби во сообраќајните несреќи

1575969
Ердоган: Турција е една од двете земји во светот кои ги намалија за 50 отсто човечките загуби во сообраќајните несреќи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, говореше на „Програмата на Стратешкиот документ и акциониот план за безбедност на сообраќајот на патиштата и промовирање на медиумските лица за сообраќај и доделување на медиумските награди за сообраќај 2021-2030 година“.

Претседателот Ердоган во својот говор овде истакна дека Турција е една од двете земји во светот кои ја постигнаа целта за намалување за 50 отсто на човечките загуби во сообраќајните несреќи.

Тој рече дека без исклучок сите кои живеат во оваа земја мораат да дадат поддршка на работите по прашањето на безбедноста во сообраќајот.

Велејќи дека Турција е една од двете земји во светот кои ја постигнаа целта за намалување за 50 отсто на човечките загуби во сообраќајните несреќи, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со сообраќајните несреќи го рече следното: „За да би биле спокојни бројката којашто треба да ја видиме е нула сообраќајна несреќа, нула човечки загуби, нула болка.“



Слични вести