Ердоган Ги започнавме работите за формирање на постројка за лансирање на микросателити
Претседателот Ердоган на одржаната прес-конференција по состанокот на претседателскиот кабинет меѓу другото истакна дека се започнати работите за формирање на постројка (база) за лансирање на микросателити

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет вчера приквечер во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, одржа прес-конференција кадешто даде значајни изјави.
Претседателот Ердоган меѓу другото истакна дека се започнати работите за формирање на постројка (база) за лансирање на микросателити.
Велејќи „Нашиот сателит Турксат 5А го испративме во неговата орбита на 8 јануари“, претседателот Ердоган привлече внимание дека во вселенските истражувања на местото на сателитите на далечни растојанија поради ниските трошоци расте значењето на микросателитите.
Ердоган ја даде радосната вест дека со таа цел се започнати работите за формирање на постројка (база) за лансирање на микросателити и го рече следното: „Во скоро време ќе ги испратиме во вселената сателитите на нашата земја и на нашите пријатели.“
„Решени сме да ја доведеме нашата земја во состојба на бренд во сферата на вселенските и сателитските технологии коишто располагаат со широка сфера на примена.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.
Слични вести
