Турција го осуди вчерашниот бомбашки напад во Сомалија

На братскиот сомалиски народ и на владата им изразуваме сочувство

1574759
Турција го осуди вчерашниот бомбашки напад во Сомалија

 

Турција го осуди вчерашниот бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Во писменото соопштение кое беше објавено од Министерството за надворешни работи беше истакнато дека со жалење беше примена веста за вчерашниот бомбашки напад што го изврши терористичката организација Еш-Шебаб врз хотелот Африка во Могадишу, Сомалија, во кој многу луѓе го загубија животот и беа повредени.

Во соопштението беше истакнато следното:

„Силно го осудуваме овој грозоморен напад. На братскиот сомалиски народ и на владата им изразуваме сочувство, додека на сите оние што ги загубија животите им посакуваме божја милост и да почиваат во мир, а на повредените што побрзо да закрепнат. Турција, во борбата против тероризмот ќе продолжи да биде на страната на Сомалиската влада и народот“.



Слични вести