Турската Црвена полумесечина и Сомалија потпишаа протокол

На свеченото потпишување на договорот присуствуваа претседателот на Турската црвена полумесечина Керем Киник и сомалискиот министер за правда Абдулкадир Мухамед Нур

1574746
Турската Црвена полумесечина и Сомалија потпишаа протокол

Турската Црвена полумесечина и Сомалија потпишаа протокол за зголемување на учеството на притворените и затворениците во социјалниот живот во оваа земја.

На свеченото потпишување на договорот присуствуваа претседателот на Турската црвена полумесечина Керем Киник и сомалискиот министер за правда Абдулкадир Мухамед Нур.

Со протоколот се предвидува Турската Црвена полумесечина да продолжи со активностите за работилниците за шиење за затворените жени во Централниот затвор Могадишу и да го зголеми нивното учество во социјалниот живот.



Слични вести