Серија земјотреси во Егејското Море во близина на градот Измир

Продолжуваат последователните потреси во подрачјето со јачина под 4 степени, додека во 11:35 часот по турско време исто така со епицентар во Егејското Море во близина на Карабурун кај Измир се случи потрес со јачина од 5,1 степен

1575284
Серија земјотреси во Егејското Море во близина на градот Измир

Утрово во Егејското Море во близина на населеното место Карабурун кај градот Измир се евидентирани серија земјотреси.

Според добиени информации од интернет страницата на Претседателството на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), се регистрирани серија земјотреси и тоа во 08:03 часот по турско време со јачина од 4,1 степен, во 08:20 часот 2,9 степени, 08:46 часот 5,1 степен, 08:47 часот 4,8, 09:00 часот 4,7 и в0 09:34 часот со јачина од 4,2 степени по Рихтер.

Продолжуваат последователните потреси во подрачјето со јачина под 4 степени, додека во 11:35 часот по турско време исто така со епицентар во Егејското Море во близина на Карабурун кај Измир се случи потрес со јачина од 5,1 степен.

Овој потрес на длабочина од 18 километри беше почувствуван во целиот град Измир.



Слични вести