Армијата во Мијанмар ја презеде власта

Армијата соопшти дека по пучот е прогласена вонредна состојба во земјата и дека една година со Мјанмар ќе управува војската

1574778
Армијата во Мијанмар ја презеде власта

 

Армијата на Мијанмар соопшти дека ја презеде власта и со земјата ќе управува 1 година.

Претседателот Вин Миинт и претседателот на Државниот совет и министер за надворешни работи Аунг Сан Су Чи беа приведени.

Во соопштението објавени од медиумите на армијата на Мјанмар беа потврдени наводите за утринскиот пуч, дека управата над земјата сега е во рацете на началникот на ГШ Мин Аунг Хлаинг.

Армијата соопшти дека по пучот е прогласена вонредна состојба во земјата и дека една година со Мјанмар ќе управува војската.

Армијата во Мијанмар го изнесе тврдењето дека на последните парламентарни избори што резултираа со победа на владејачката партија на Су Чи имало измама.

Додека продолжуваат дискусиите, началникот на ГШ најави дека може да се распушти уставот доколку законите не се спроведат правилно.

Денес се очекуваше да се отвори парламентот во Мијанмар.

Портпаролот на владејачката Партија на националниот демократски сојуз (НЛД) во Мијанмар, Мио Ниунт истакна дека претседателот Вин Мајнт, Су Чии и други партиски лидери рано наутро биле приведени како резултат на воената рација.

Велејќи дека „Сакам нашите луѓе да не реагираат без размислување и да постапуваат во согласност со законот“, Мио Ниунт рече дека исто така чека да биде приведен.



Слични вести