Утре ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

Главниот дневен ред на состанокот ќе го сочинува борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и притоа погледите ќе бидат свртени кон излагањето на министерот за здравство Фахреттин Коџа коешто ќе го одржи пред членовите на претседателскиот кабинет

1574464
Утре ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

Утре ќе се одржи состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Главниот дневен ред на состанокот ќе го сочинува борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и притоа погледите ќе бидат свртени кон излагањето на министерот за здравство Фахреттин Коџа коешто ќе го одржи пред членовите на претседателскиот кабинет.

На состанокот ќе биде направена проценка и на тоа како се одразуваат преземените мерки на податоците во врска со коронавирусот и притоа ќе се одлучи дали да бидат олабавени или продолжени мерките. 

Една од точките коишто ќе бидат поставени на маса е и календарот за вакцините и вакцинацијата, притоа освен процесот со вакцините што се води со Кина, Германија и Русија ќе бидат разгледани и работите за производство на домашна вакцина, а ќе стане збор и за најновата состојба во процесот на вакцинација којшто продолжува во земјата. 

На состанокот ќе се разговара за тоа дали ќе започне образованието лице в лице во училиштата во земјата.

На дневен ред на утрешниот состанок на претседателскиот кабинет ќе биде поставен и реформскиот процес којшто се наоѓа меѓу приоритетите на владата.

Во тие рамки, надлежните министри ќе ја споделат најновата состојба до којашто е дојдено во реформските работивности во судството и економијата.

Во насловот на надворешната политика пак, ќе биде направена проценка на започнатиот нов процес со Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Притоа ќе бидат разгледани подготовките за Самитот меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и Конференцијата за Источниот Медитеран коишто ќе бидат остварени во наредните денови.

 



Слични вести