Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп на 4 и 5 февруари ќе престојува во посета на Албанија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во Тирана ќе биде пречекан од страна на претседателот на Собранието на Република Албанија Грамоз Ручи, а ќе биде примен и кај претседателот Мета и ќе се состане со премиерот Рама

1574314
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп на 4 и 5 февруари ќе престојува во посета на Албанија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп заедно со многучлена парламентарна делегација во негова придружба на 4 и 5 февруари ќе престојува во посета на Албанија.

Шентоп во рамките на својата официјална посета на Тирана ќе биде пречекан од страна на претседателот на Собранието на Република Албанија Грамоз Ручи.

По средбата лице в лице Шентоп и Ручи ќе претседаваат со меѓуделегациските разговори.

Потоа двајцата претседатели на собранијата Мустафа Шентоп и Грамоз Ручи ќе одржат заедничка прес-конференција.

Шентоп во рамките на посетата на Тирана ќе се потпише и во спомен книгата на Собранието на Република Албанија.

Претседателот на Собранието на Република Албанија Грамоз Ручи пак, ќе приреди свечен ручек во чест на претседателот на Собранието Мустафа Шентоп и парламентарната делегација во негова придружба.

Мустафа Шентоп и делегацијата во негова придружба во рамките на дводневната посета на Албанија ќе бидат примени и кај претседателот Илир Мета, а ќе имаат средба и со премиерот Еди Рама.

На 5 февруари, вториот ден од посетата, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и парламентарната делегација во негова придружба ќе престојуваат во посета на градот Скадар кадешто ќе ја посетат Алејата на шехидите (паднатите борци) Хасан Риза Паша.

Освен тоа, Мустафа Шентоп во Скадар ќе ги посети и средното теолошко училиште Хаџи Шејх Шамиа и Институтот „Јунус Емре“.



Слични вести