Претседателот Ердоган му честита на Армин Лашет за изборот за претседател на Хрстијанско-демократската унија (ЦДУ)

Претседателот Ердоган му честита на Армин Лашет за изборот за претседател на Хрстијанско-демократската унија (ЦДУ) и изрази надеж дека воспоставената блиска и искрена соработка со германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја продолжи и со Армин Лашет

1574310
Претседателот Ердоган му честита на Армин Лашет за изборот за претседател на Хрстијанско-демократската унија (ЦДУ)

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со премиерот на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија Армин Лашет на кого му честита на Армин Лашет за изборот за претседател на Хрстијанско-демократската унија (ЦДУ).

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор изрази надеж дека воспоставената блиска и искрена соработка со германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја продолжи и со новоизбраниот претседател на Хрстијанско-демократската унија (ЦДУ) Армин Лашет и дека лично верува оти Лашет ќе го продолжи развојот на турско-германските односи, како и поволниот став кон турската заедница и за време на новата должност.

Нагласувајќи дека Турција и Германија располагаат со неспоредливо добри односи во секоја сфера, Ердоган истакна дека Турција има силни економски врски со Германија како нејзин најголем трговски партнер, поради што подвлече дека им се придава посебно значење на развојот на овие мултилатерални и коренити односи.

Претседателот Ердоган укажа на придонесите на турската заедница во економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот живот на Германија и појасни дека им се верува на германските функционери во точката на преземањето на потребните мерки против растечките напади против Турците и џамиите во Германија, внимателното истражување на настаните и изнесувањето на сторителите пред лицето на правдата.

Ердоган напомена дека не треба да се изостави од вид критичната улога на успешното работење на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) и на турските верски службеници особено во спречувањето на радикализацијата и екстремизмот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изрази надеж дека новоизбраниот претседател на Хрстијанско-демократската унија (ЦДУ) Армин Лашет во наредниот период ќе вложува напори и во правец на унапредување на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), на основа на конкретен и позитивен дневен ред.

Ердоган исто така им посака успех на Армин Лашет и на неговата партија на претстојните парламентарни избори коишто ќе се одржат во Германија во месец септември оваа година.

 



Слични вести