Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ
Министерството за национална одбрана (МНО или MSB соопшти дека во подрачјата на операциите Еуфратски штит и Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ

Во подрачјата на операциите Еуфратски штит и Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Продолжува борбата против тероризмот како внатре во границите на земјата така и надвор преку границата.
Турските вооружени сили (ТВС) спречија уште еден обид на терористите за префрлување во подрачјата во северниот дел на Сирија кои се исчистени од тероризмот и во кои се воспоставени спокојството и средината на доверба.
Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана (МНО или MSB) се истакнува дека група терористи отвориле оган врз подрачјата на операциите Еуфратски штит и Извор на мирот и притоа се обиделе да се префрлат во овие подрачја.
Во соопштението се вели дека притоа се неутрализирани тројца терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.