Тројцата турски морнари кои се спасија од нападот на пиратите се вратија во Турција

Четвртиот капетан на бродот Фуркан Јарен, главниот инженер Илхан Суха Татлиѓул и бродскиот инженер Бахадир Јешилалан со авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Либревил-Истанбул со број на лет ТК589 пристигнаа на Истанбулскиот Аеродром

1573995
Тројцата турски морнари кои се спасија од нападот на пиратите се вратија во Турција

Тројцата турски морепловци кои се спасија од нападот на пиратите во Гвинејскиот залив крај бреговите на Нигерија врз бродот по име „Mozart“, се донесени во Турција.

Четвртиот капетан на бродот Фуркан Јарен, главниот инженер Илхан Суха Татлиѓул и бродскиот инженер Бахадир Јешилалан со авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Либревил-Истанбул со број на лет ТК589 пристигнаа на Истанбулскиот Аеродром.

Четвртиот капетан на бродот Фуркан Јарен во дадената изјава за новинарите на аеродромот истакна дека за време на нападот беше ранет во ногата и им се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кои по случајот покажаа голем интерес и постојано беа во контакт со нив. 

Јарен појасни дека е многу радосен од тоа што стапна нога во Турција и го виде турското знаме и го рече следното: „Иншаллах (се надевам дека) и другите другари во најскоро време ќе се видат со своите семејства.“

Инаку, бродот по име „Mozart“ во сопственост на британска компанија на 23 јануари во Гвинејскиот залив крај бреговите на Нигерија беше нападнат од морски пирати.

Притоа во нападот од 19-те членови на посадата на бродот 15 лица беа киднапирани, едно лице азербејџански граѓанин беше убиен, а тројца успеаја да се спасат кои потоа го донесоа бродот во пристаништетот Порт-Жентил во Габон.



Слични вести