Претседателот Ердоган: 2021 година ќе се слави како „Година на Јунус Емре и турскиот јазик“

Претседателот Ердоган објави циркулар во кој се истакнува дека 2021 година ќе се слави како „Година на Јунус Емре и турскиот јазик“

1573983
Претседателот Ердоган: 2021 година ќе се слави како „Година на Јунус Емре и турскиот јазик“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави циркулар за одбележување на 2021 година како „Година на Јунус Емре и турскиот јазик“.

Во објавениот циркулар во Службениот весник на Република Турција се потсетува дека по повод 700-годишнината од смртта на Јунус Емре кој е едниот од камен темелниците на турскиот јазик и турската цивилизација, 2021 година од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) е заведена како година за одбележување и сеќавање на Јунус Емре.

Велејќи дека Јунус Емре во своите песни ги обработува на најчист турски јазик поимите како што се љубовта кон човекот и природата, толеранцијата, братството и мирот и дека со овие песни му се обраќа на целото човештво без да прави било каква верска, јазична и расна дискриминација, претседателот Ердоган истакна дека Јунус Емре со неговата филозофија изградена над универзалните човечки вредности, обезбедувајќи придонес за светскиот хуманизам успеа да стане поет многу далеку од времето во кое живееше, кој ги обедини луѓето околу заеднички вредности.

Ердоган рече: „Со цел Јунус Емре ѝ да биде претставен како заедничка вредност на човештвото во светот ѝ уште еднаш да биде потсетено на него во нашата земја, е одлучено да се организира кампања на територијата на целата земја и во странство под името 'Турскиот јазик, светски јазик', а со цел 2021 година да се одбележи како 'Нашиот Јунус“, да се нагласи значењето на турскиот јазик како наследство на Јунус Емре и да се обезбеди совесна и правилна употреба на турскиот јазик како јазик на цивилизацијата.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека манифестациите коишто ќе бидат организирани во овие рамки ќе се спроведат со релевантните институции и организации под координација на Министерството за култура и туризам, а воедно соопшти дека оние манифестации коишто ќе бидат утврдени од страна на претседателството можат да се организираат под покровителство на претседателството.

 



Слични вести