Министерот за национална одбрана Хулуси Акар разговараше со својот азербејџански колега Закир Хасанов

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека ќе започне со работа Заедничкиот туррско-руски центар кој ќе кој ќе биде задолжен за надгледување и контрола на примирјето помеѓу Азербејџан и Турција

1574013
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар разговараше со својот азербејџански колега Закир Хасанов

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со азербејџанскиот министер за национална одбрана Закир Хасанов.

Во дадената изјава по телефонскиот разговор министерот Акар истакна дека со неговиот азербејџански колега Хасанов направија проценка на она што е направено и она што ќе биде направено во однос на одбранбени и безбедносни прашања.

На едно поставено прашање дали во разговорот беше поставен на дневен ред Заедничкиот центар кој ќе се состои од турски и руски војници, Хулуси Акар истакна дека тој ќе започне со работа.

Акар рече: „Со мојот руски колега Сергеј Шојгу на 11 ноември 2020 година го потпишавме записникот за соработка во врска со Заедничкиот турско-руски центар којшто ќе биде формиран за надгледување и контрола на примирјето во Карабах (помеѓу Азербејџан и Ерменија). Завршени се работите за формирање на Заедничкиот центар. Заедничкиот центар во кој ќе бидат на задача турски и руски војници ќе ги започне своите активности.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во продолжение рече: „Веруваме дека заедничкиот центар во кој ќе бидат на задача еден генерал и 38 војници ќе има големи придонеси за воспоставувањето на трајното примирје и на мирот и стабилноста во регионот. Со активностите на овој заеднички центар во кој ќе бидат на задача турски и руски војници ќе бидат интензивирани нашите активности и ќе ја исполниме нашата задача за одбрана до крај на правото на нашите азербејџански браќа.“

Акар истакна дека во рамките на принципот „еден народ две држави“ Турција до денеска беше и ќе продолжи да биде заедно со своите азербејџански браќа и во иднина.

 



Слични вести